Забранета хемикалија пронајдена во цуцли за бебиња, некои серии се повлечени
Чешката организација „Д-тест“ откри присуство на хемикалијата бисфенол А (БПА) во лабораториски испитувања на цуцли за бебиња. Оваа хемикалија е поврзана со нарушување на половите хормони, со дебелина и зголемен ризик од рак. Цуцлите биле произведени од брендовите „Philips“, „Curaprox“ и „Sophie la Girafe“, како и „Foshan City Saidah“, пишува британскиот весник „Гардијан“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Иако сите цуцли се означени дека се „без БПА“, испитувањата покажале присуство на хемикалијата во четири производи, при што највисока концентрација е забележана во цуцлата на „Curaprox“ „Grow with love“, која според стандардите на ЕУ ја надминува дозволената граница.
„Philips“ и „Sophie la Girafe“ наведоа дека присуството на БПА во нивните производи не е значајно и дека спровеле дополнителни тестирања за да го потврдат тоа. „Curaprox“ ги повлече погодените серии од пазарот и понуди враќање на парите.
Прописите на ЕУ ја забрануваат БПА во шишенцата за бебиња, но ограничувањата за цуцлите остануваат помалку строги, што предизвикува загриженост кај експертите за безбедност.


