Забрана за работа на 26 фирми поради непочитување на препораките за работа на високи температури

Работници на топло време / Фото: Слободен печат - Методи Здравев

Трудовиот инспекторат издаде забрана за работа на 26 фирми чии работници биле затекнати како работат дирекно изложени на сонце. Во инспекторатот велат дека тие фирми добиле решенија за забрана за утврдено непочитување на препораките од Владата, односно работниците биле затекнати на работа директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот. Но и покрај казните и забраните, продолжува непочитувањето на препораките на газдите и денес. Од инспекторатот велат дека во периодот од 13 до 16 јули 2023 год. прогласена е портокалова фаза на опасност од високи температури на целата територија на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија на 169-та седница, ги усвои препораките на Министерството за здравство кои се однесуваат за граѓаните и работодавачите во услови на тополотен бран.

Државниот инспекорат за труд согласно своите надлежности ги интензивираше вонредните инспекциски надзори со цел проверка дали се почитуваат препораките за превенција и заштита на вработените при работа во услови на топлотен бран во корелација со законската регулатива од областа на трудот. На 13.07.2023 год. Државните инспектори за труд извршија вкупно 90 инспекциски надзори и тоа 69 вонредни надзори и 21 контролен надзор . Надзорите се вршени во дејностите каде работниците се изложени на неповолни микроклиматски услови, односно директна изложеност на високи температури на отворено или каде во текот на работењето се изложени на топлинско зрачење- велат во инспекторатот.

При извршување на вонредните инспекциски надзори на работодавачите им се издадени вкупно 12 решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и им се издадени 26 решенија за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот.
Државниот инспекторат за труд апелира до работодавачите и вработените да се почитуваат препораките за превенција и заштита во услови на топлотен бран и ја известува јавноста дека во континуитет ке продолжи со вршење вонредни инспекциски надзори за работа во услови на топлотен бран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот