За влакно избегната хаварија: Пилот се обидел да ги исклучи моторите среде лет на Алјаска Ерлајнс

Фото: Pexels/Kelly

Пилот што летал како патник и не бил на должност, во неделата се обидел да ги исклучи моторите на авион на Алјаска Ерлајнс на релација Сиетл Сан Франциско, соопшти компанијата. Станува збор за 44 годишниот Џозеф Емерсон кој веднаш по слетувањето бил уапсен. Против него има обвинение за убиство на 83 лица кои биле патници во авионот. Авионот морало да слета во Портланд.

Пилотите понекогаш седат на помошно столче во пилотската кабина кога се патници. Но во случајов за влакно е избегната хаварија.

Имавме лице кое се обиде да ги исклучи моторите во кокпитот. Сакаме полиција веднаш штом сме паркирани, пријавил пилотот за време на летот. Екипажот на Алјаска Ерлајнс пријавил сериозна безбедносна закана поврзана со овластен патник на помошното столче во пилотската кабина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот