За претседателот на МАНУ, Македонија е заробена држава

Професорот Љупчо Коцарев, доктор на науки, академик и актуелен претседател на Македонската академија на науки и уметности е годинашниот добитник на највисокото општинско признание што го доделува Општина Охрид – наградата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид"/ Фото: МИА

„Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд. А за тоа се исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години, ја трансформираа Македонија од слободна во поробена земја“ – Ова беа зборовите и пораките на претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во своето излагање на конференцијата „120 години од Илинденското востание“ што се одржа денеска во Крушево, ден пред најголемиот државен празник. Според Коцарев, на Македонија и е потребен трет Илинден.

„Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци“, рече Коцарев.

На денешната конференцијата, организирана од Матицата на иселениците, зборуваа и историчари.

„Ние научниците сакаме да опонираме и да се спротиставиме на она што го пишува во договорот од 2017 за заедничка историја. Македонскиот народ создаваше свој историја, а бугарскиот народ своја историја. Ние секогаш ќе ја проучуваме македонската историја, а македонскиот народ секогаш ќе се сеќава на својата колективна меморија, на своите предци“, рече Наташа Котлар Трајкова, научен советник во Институт за национална историја.

Зборуваа и Македонци од Бугарија кои велат дека немааат никаква помош од Македонија.

„Тие викаат ќе ги платиме сите пресуди од Стразбур ама нема да ве регистрираме. Тие се согласни да плаќаат, но не и да не регистрираат како Македонци“, додаде Стојан Герасимов, Македонец од Пиринска Македонија.

Се одржа и изложба насловена како Илинден во иселеничкиот печат.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот