За предметите кои биле чувани во фиока кај Вангеловски известено е ОЈО

Добивме информација од в.д. претседателот на Врховниот суд дека се пронајдени предмети и дека ги има распределено на седница на Оддел за кривични дела кај судиите кои работат во тој оддел, вели претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

Во оваа фаза од постапката кога наша комисија ја утврди ранг листата и работата ја презеде Комисијата за спроведување на избори не може да се повлече кандидатурата за член на Судскиот совет, порача денеска претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

-Немаме надлежности да испитаме зошто ја повлекол кандидатурата. Комисијата за спроведување на избори на член на Судски совет не е комисија на Судскиот совет, туку во неа претседателот и еден член се избираат од Здружението на судиите, а другиот член од невладини организации. Тие понатаму одлучуваат како да ја спроведат целата постапка, меѓудругото тие треба да одговорат на барањето за повлекување на кандидатурата. Мое лично мислење е дека во оваа фаза од постапката не може да се повлече кандидатурата за член на Судскиот совет, рече Здравев во одговор на новинарско прашање на паузата од промоцијата на иницијативата „Отворено судство” која е дел од програмата „Подобрување на транспарентноста, правната сигурност и ефикасноста на судството во Северна Македонија” и промоцијата на анализата „Отвореност на судството во Северна Македонија”.

Прочитајте и...  Приведен Тетовец кој се барал за издржување на 3,5 години затвор

Тој нагласи дека во понеделникот бил известен дека кандидатот ја повлекол кандидатурата, а тој ден, како што кажа, се делеле материјалите по избирачките одбори.

-Доколку тој кандидат победи за нас тој официјално ќе биде член на Судски совет, освен ако не си поднесе оставка, па да ја повториме постапката. Тоа е тешко, бидејќи ќе треба да се повтори целата постапка, до толку повеќе што на постоечкиот член на Советот, Шемседин Јусуфи му истекува мандатот и практично  за цело време на траење на постапката ќе останеме без уште еден член, потенцира Здравев.

Во врска со предметите кои биле најдени во фиоката на разрешениот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, Здравев рече дека на странките во тие предмети им се повредени правата на итно постапување, односно постапување во согласност со принципот за судење во разумен рок и додаде дека в.д. претседателот на Врховниот суд Фаик Арслани треба да каже дали предметите се задржани основано или не.

Прочитајте и...  Кумановец ја нападнал девојката во кафуле

-Добивме информација од в.д. претседателот на Врховниот суд дека се пронајдени предмети и дека ги има распределено на седница на Оддел за кривични дела кај судиите кои работат во тој оддел.  Паралелно и ние ќе преземеме чекори. Тоа веќе го пуштивме во процедура, но ние не можеме да преземаме конкретни мерки. Затоа истовремено ја известивме Антикорупциската комисија и Јавниот обвинител, бидејќи сметаме дека Антикорупциска можеби ќе најде нешто што е во нејзина надлежност, рече Здравев.

Очекуваме, потенцира, прво тоа  да го направи в.д. претсетдателот на Врховниот суд, како што е редот, но доклку не го стори ќе преземеме конкретни мерки за поднесување на барање за утврдување на одговорност за поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Прочитајте и...  Татко и син зад решетки, одгледувале марихуана во својата викендичка (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Јанкуловска е во карантин, допрва ќе се утврдува ризикот за нејзината безбедност во Идризово

Лука Андреев

Приведен Тетовец кој се барал за издржување на 3,5 години затвор

Слободен печат

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Велес

Слободен печат

Татко и син зад решетки, одгледувале марихуана во својата викендичка (ВИДЕО)

Дрога и муниција пронајдени во дом на скопјанец, ОЈО бара притвор

Слободен печат

Кумановец ја нападнал девојката во кафуле

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Девојка нападната од 32-годишен маж во Велес

Слободен печат

Девојка од Велес пријавила дека два пати била силувана

Слободен печат

Обид за грабеж во домот на докторот Вело Марковски

Лука Андреев

Турски државјанин преку мобилен телефон украл 11.000 евра

Слободен печат

Полицијата пронајде 65 стебла канабис во Демир Капија, приведени се две лица

Слободен печат

Турски државјанин фалсификувал пасош за да си го продолжи престојот во државава

Слободен печат