За послушни миленици: Научниците открија ефикасен метод за дресура на кучиња

Фото: Pixabay

Дресурата на кучиња може да биде макотрпен процес, за кој не постои докажан рецепт, но научниците веруваат дека тие се на пат да најдат ефективен метод кој прави милениците да се однесуваат подобро.

Експертите од Универзитетот Аберистуит во Велс открија дека кучињата обучени да препознаваат различни мириси се поуспешни во други видови задачи.

Одамна е познато дека оваа дресура ја подобрува способноста на кучињата да решаваат одредени когнитивни задачи, но претходните истражувања беа фокусирани на споредување на професионално обучени работни кучиња, како оние кои се специјализирани за пребарување и спасување луѓе.

Студијата спроведена од научници од Универзитетот Аберистуит, во соработка со Ема Стокер од компанијата „Puppy Plus“ од Њутн, Велика Британија, сугерира дека и сите други кучиња можат подобро да се справат со когнитивните задачи.

Тимот тестирал животни кои биле обучени до одреден степен, давајќи им две задачи кои барале самоконтрола.

Во едниот експеримент морале да заобиколат проѕирна пречка за да стигнат до храната, а во другиот да го сменат изборот помеѓу два сада, во зависност од тоа во која е храната.

Резултатите од студијата објавени во списанието „Анималс“ покажаа дека кучињата тренирани да препознаваат мириси се подобри во извршувањето на овие задачи од оние кои не биле тренирани.

Новото истражување покажува дека оваа обука ја подобрува способноста на кучињата да избегнуваат импулсивно однесување и да извршуваат одредена задача.

Оваа способност, позната како инхибиторна контрола, ги подобрува способностите на кучињата за решавање проблеми.

Што е уште поважно, се смета дека импулсивното однесување е главната причина за несаканото однесување кај кучињата, како што е нужда на неочекувани места и уништување нешта.

Па, новото откритие сугерира дека со нивна обука да препознаваат мириси, сопствениците на кучиња би можеле да им помогнат на своите миленици да се однесуваат подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот