За кафеани протокол има, за училишта нема

Како што во моментов стојат работите, нашите деца во септември ќе можат да седат во кафеана, но нема да можат да седнат во училишните клупи. Ќе чекаат партиските лидери да постигнат договор за да можат да продолжат со образованието, а на компјутерите ќе играат игрички, попусто чекајќи чичковците од министерството да им „пуштат“ образование.

До почетокот на новата училишна година има нешто повеќе од две недели, но Министерството за образование и наука (МОН) сѐ уште нема разработен протокол за отворањето на училиштата во услови на пандемија.

Министерот Арбер Адеми на прес-конференцијата одржана во средата беше крајно искрен во разговорот со новинарите, порачувајќи дека не знае дали децата ќе одат на школо или, пак, ќе следат онлајн настава, а веќе во следната реченица призна и дека не е сигурен дали школската година воопшто ќе почне навреме.

Така, Македонија стана земја во која постојат протоколи за работа на кафеани, ресторани, барови, кафулиња, обложувалници, теретани, но во истата земја никој не знае како децата да ги испрати на училиште.

Прочитајте и...  Гордана и Миле – жртви на семејно насилство?!

Претходно го добивме ставот на Комисијата за заразни болести, која препорача онлајн настава за учениците и за студентите, со цел да се заштитат најмладите од заразата. Предлогот е содржан и соодветствува со реалноста во која се наоѓа Македонија, каде што секојдневно троцифрена бројка граѓани се позитивни на ковид-19.

Сепак, онлајн предавањата се можни во образовен систем во кој има соодветни услови за реализација на таквиот начин на предавањата, но и на проверката на знаењето. Тоа подразбира изработка или лиценцирање соодветен софтвер со кој ќе се овозможи непречена комуникација на наставниците и на учениците, претходно снимени предавања и поставување на наставните материјали во електронска форма. Секако дека голем предизвик би претставувале тестирањата и испрашувањата, но и за тие проблеми секако дека постојат прифатливи решенија.

Прочитајте и...  Царовска ќе посети неколку основни училишта во Гази Баба

Но, за да се постави образовниот систем од основното, средното и од високото образование на интернет-платформа, експертите од МОН требаше одамна да се фатат за работа. Веројатно тоа требаше да го направат уште во текот на март, кога децата беа испратени дома, да се образуваат преку утринската програма на МТВ и од мејловите на наставничките. Секако дека работата немаше да биде завршена до почетокот на септември, но веројатно ќе можеше да се „скрпи“ системот за првото тромесечје, па потоа да се продолжи понатаму.

Претпоставувам и дека министрите од техничката влада чувствуваат дека не поседуваат доволен политички капацитет за да одлучуваат за битни работи, па веројатно на вистинското решение ќе треба да почекаме мандатарот да формира парламентарно мнозинство.

Прочитајте и...  Владата одобри продолжен престој во училиштата, без мешање на различни паралелки

Како што во моментов стојат работите, нашите деца во септември ќе можат да седат во кафеана, но нема да можат да седнат во училишните клупи. Ќе чекаат партиските лидери да постигнат договор за да можат да продолжат со образованието, а на компјутерите ќе играат игрички, попусто чекајќи чичковците од министерството да им „пуштат“ образование.

Прочитај повеќе

Замениче, ви се брза на кафе во Приштина?

Еди Рама ја отстрани фотографијата од Лешница

Маријана Митровска

Ескалира ситуацијата: Турски Ф-16 соборил ерменски воен авион (ВИДЕО)

Маријана Митровска

Како во филм: Жена се породила во такси пред велешката болница

Слободен печат

Казни и оставки за министрите и сите владини функцонери кои ќе го прекршат Кодексот за етичко однесување

Мавровско се дави на суво!

Југослава Дуковска

Остави Коментар

Прочитај повеќе

И фирмите што работат со државата останаа со куси ракави

Царовска: Онлајн наставата може да се следи и со стари компјутери (ВИДЕО)

Шопинг мол манија и во Македонија

Јанакиески доби условна казна за „Шамарите во Центар“, а Груевски година ипол затвор

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Кој би победил во војната меѓу Азербејџан и Ерменија?

Сеад Ризвановиќ

Добрила Кацарска е предлогот на Судски совет за нов уставен судија

Лука Андреев