За една недела 3.980 граѓани ја користеле жичницата до Милениумскиот крст

Жичница на Водно: Фото: Архива

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година

Во периодот од 20 до 27 јануари за превоз со жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст имало интерес од 3.980 граѓани, односно само за време на викендот (22 и 23 јануари) 2.893 граѓани го посетиле Водно и ја искористиле жичницата.

Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември – март жичницата работи секој ден, освен понеделник и секој последен вторник во месецот (поради сервис), од 10 до 17 часот. За возење во жичницата важат протоколи за заштита од ковид 19 – во кабина се дозволува превоз на максимум 4 лица, кои имаат обврска да носат маска. На патниците пред влез во кабината им се мери температура и се врши дезинфекција. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот. За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче (куче со мал/среден раст), а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со хендикеп – информираат од Град Скопје.

Од Градот, меѓу другото потсетуваат и дека до Средно Водно сообраќаат три автобуски линии – бројот 25 (Транспортен центар – Средно Водно) сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и 25Б (Дом на печат – Средно Водно) кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот