За една година ноќевањето во Србија поскапело за 23 отсто
Поскапува храната во хотелите и рестораните за една година за 10,5 отсто, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика. За сместување во Србија во август требаше да се одвојат 23 отсто повеќе пари отколку во истиот месец лани.
Препорачано
Кога станува збор за храната во рестораните и хотелите, во август годинава во однос на истиот месец од 2023 година, најмногу поскапеле колачите – за 12,7 отсто и салатите (12,1 отсто), покажува извештајот на РЖС за индексите на цените на угостителски услуги, а пренесува Н1. Топлото и ладното предјадење поскапе за 10,8 отсто, печивата и јадењата по нарачка за 10,9 отсто, додека лебот е поскап за 11,7 отсто.
Поскапеа и алкохолните пијалоци во рестораните – за 11 отсто, а безалкохолните пијалоци се повисоки за 13,2 отсто. Според образложението на РЖС, индексите на цените на угостителските услуги претставуваат мерка за промената на општото ниво на цените на услугите во угостителските објекти. Истражувањето опфати околу 40 видови на угостителски услуги, оброци, пијалоци и сместување. Цените се следат во 96 угостителски објекти на територијата на Србија“, објаснуваат од РЖС.


