За 900 евра во Тирана купил осумгодишно дете од сиромашно семејство и го терал да проси во Атина

56-годишен Албанец е уапсен од грчката полиција. Тој се сомничи дека „купил“ осумгодишно дете и го принудил да проси во Атина.

Грчките власти добиле меѓународна потерница за мажот кој претходно бил осуден за трговија со луѓе.

Тој набрзо бил пронајден и уапсен во Патисија.

„При апсењето не пружил отпор“, соопшти полицијата, пренесува грчка „Прототема“.

56-годишникот се товари дека купил дете од сиромашно семејство во Албанија, поточно во Тирана и за него платил околу 900 евра.

Тој го принудил да проси во централните делови на главниот град.

Веќе се започнати постапки за екстрадиција на уапсениот во Албанија. Сепак, грчките власти се уште не знаат што се случило со 8-годишното дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот