За 24 часа 11 лица починаа од ковид-19 во Косово

Косово, пункт за вакцинација /Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 11 починати и 720 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани рекордни 469 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 860 од вкупно 31.215 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.

Болеста досега ја совладале 18.347 лица кај кои е откриен вирусот, а актулени во моментов, според официјалните податоци, се 12.008 случаи.

Вчера се извршени 1.599, а вкупно досега 123.976 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот