„Вујо мајсторе“ си најде нов ангажман, ќе биде селектор на Иран

Веселин Вујовиќ си најде нов ангажман/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Веселин Вујовиќ кој сезоната ја започна на клупата на македонскиот шампион Вардар, си најде нв ангажман и ќе седне на клупата на селекцијата на Иран.

Миленикот на „Комитите“ во декември минатата година доби отказ од Вардар откако „црвено-црните“ влегоа во серија од седум порази по ред, а чашата ја прели неуспехот против ППД Загреб и оттогаш беше без ангажман.

Сепак, Вујовиќ веднаш си најде нов ангажман, ќе биде селектор на Иран.

– Постигнавме договор, од април ќе бидам селектор на Иран – изјави Вујовиќ за „Спортклуб“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот