Вухан ја надмина пандемијата, ги отвори училиштата и градинките (ФОТО+ВИДЕО)
Учениците денеска се вратија во училиштата во Вухан, градот каде што за прв пат избувна епидемијата на коронавирус. Близу 1,5 милиони ученици се вратија во училишните клупо во Вухан, првичното жариште на коронавирусот.
Вухан сега, за прв пат по седум месеци, ги отвори сите училишта и градинки. Државните медиуми објавија слики од илјадници студенти кои носат црвени марами и се сликаат пред кинеското знаме по враќањето во клупите, пишува АФП.
Властите ги советуваа учениците да носат заштитни маски и доколку можат, да избегнуваат патување со автобус и воз. Тие исто така објавија дека ќе се префрлат на онлајн модел на настава во случај на појава на нови жаришта.
Кина во последните неколку дена не пријавила нов локален пренос на коронавирус.