Вучиќ смисли нов начин на поздравување во услови на Ковид-19 (ВИДЕО)

Синоќа во Белград од Кина пристигнаа шест медицински експерти и голема количина заштитна опрема.

Српскиот претседател Александар Вучиќ лично ги пречека кинеските експерти, а смисли и нов начин на поздравување во услови на ригорозни мерки против ширењето на коронавирусот.

До 8 часот утрово во Србија се дијагностицирани уште 17 заразени со коронавирус, со што бројот на заболени од ковид-19 достигна 188.

На сила во земјата е полициски час кој трае од 17 часот попладне до 5 часот следниот ден, и забрана за движење на лицата постари од 65 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот