Вучиќ на средба со папата Франциск: Ватикан го задржува ставот и сака мирно решение меѓу Србите и Албанците

Фото: Принтскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со папата Франциско изјави дека Ватикан води сериозна политика и ќе го задржи ставот за Косово.

„Многу го цениме принципиелниот став на Светата Столица во врска со непризнавањето на еднострано прогласената независност на Косово, како и разбирањето на позицијата на Србија заснована врз почитувањето на меѓународното право“, потенцирал Вучиќ кој се заблагодарил за конструктивниот пристап на Светата столица по ова прашање, се наведува во соопштението на неговиот Кабинет по средбата со папата.

„Србија е цврсто убедена дека разговорите претставуваат единствен начин за решавање на сите отворени прашања, поради што и по воведувањето на таксите, се воздржавме од реципрочни мерки и какви било чекори што дополнително би ја искомплицирале сегашната состојба…продолжувајќи да преземаме конструктивна посветеност за изнаоѓање одржливо и компромисно решение за прашањето на Косово, единствено преку дијалог. Но, Приштина спречува секаков дијалог и договор“, соопштија од кабинетот на Вучиќ.

Во изјавата за новинарите по средбата, српскиот претседател истакна дека Ватикан сака разговори и мирно решение меѓу Србите и Албанците.

Тој изјави и дека би сакал папата да ја посети Србија, но потсети дека за тоа е потребна согласност од Српската православна црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот