Вртоглави 4,3 милијарди долари ќе плати Либерти медиа да ја купи Мото ГП серијата

EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Сопственикот на Формула 1 сака да ја купи и елитната мотоциклистичка серија за вртоглава сума и да ги стави под една капа најпопуларните серии трки со автомобили и со мотоцикли

Сопственикот на Формула 1, американската компанија Либерти медиа, е во ексклузивни разговори за купување на компанијата која ја поседува Мото ГП серијата за повеќе од 4,3 милијарди долари.

Ваков договор би ги обединил елитните серии трки со автомобили и со мотоцикли, велат упатени извори.

Либерти медиа е подготвена да се согласи да ја преземе Дорна спортс откако ги надминала ривалските понуди.

Катар спорт инвестментс, групацијата поддржана од државата која е сопственик на францускиот фудбалски клуб Пари Сен Жермен, исто така изразила интерес за Дорна спортс и разговарала со нејзиниот сопственик, фирмата за приватен капитал Бриџпоинт.

За Либерти, Дорна претставува ретка можност да се купи глобален спорт со профитабилни комерцијални права.

Како и да е, секој ваков договор веројатно ќе се соочи со регулаторна контрола. Фирмата ПЕ ЦВЦ Капитал партнерс некогаш ги поседуваше и Ф1 и Мото ГП, но беше принудена да ја продаде мото-серијата во 2006 година како услов за купување на Ф1 откако регулаторите за конкуренција на ЕУ изразија загриженост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот