ВРИЈАТ социјалните мрежи: Панчо од ДНК од Охрид порача „Лепотици, не секој газ е наменет за танга по плажа“ (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Владимир Блажев (познат како Панчо од дуото ДНК и диџеј Шорти) овој викенд имаше свој настап на плажите во Охрид. Сепак, она што ги разбранува социјалните мрежи не беа видеата од атмосферата која ја сподели на неговиот инстаграм-профил, туку коментарот кој следуваше потоа.

Како што oпишува Панчо со негови зборови, викендов во Охрид девојките на плажа „немале милост“, а тој сакал да спие навечер „без кошмари“:

– Еве ме мене пак од Охрид, па чисто да ги потсетам „лепотицивие“ дека НЕ секој ГАЗ е наменет за танга по плажа. Мислам имате огледало, многу е едноставно се гледа“, пишува Панчо и додава „Као дај имајте малце милост, стварно сакаме да спиеме навечер без кошмари – а на крај го заврши статусот со „Намалете си ја тортата“ и емоџи од торта и глава од свиња.

Статусот на Панчо стана вирален откако многумина му коментираа под објавата, повеќето критикувајќи го:

Активистката и инфлуенсерка Христина Младеновска (Кика Авеиро) која е позната по своите излагања за заземање позитивен став кон сопственото тело, односно да се биде „боди позитив“ (позитивен став кон сите големини на телото) ја сподели неговата објава и на нејзините социјални профили напиша:

Очекувано, ниту македонската твитер-сфера не изостана со коментарите за оваа објава, па од вчера се твита за Панчо:

Инаку, ова не е првпат Панчо да посвети објави за тоа „како треба жените да изгледаат на плажа“. Мината недела тој напиша дека „на шминката не и е местото на плажа“, а исто така ги критикуваше оние кои ги едитираат фотографиите од себе апелирајки да „успорат“ и дека „сите знаеле кој како изгледа, немало поента од лажење“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот