Врховниот суд на САД ги отфрли и последните тужби од Трамп за наводна изборна измама

Американски сојузен суд синоќа му дозволи на Претставничкиот дом на САД пристап до стотици страници доверливи документи од времето на претседателствувањето на Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Врховниот суд на САД денеска ги отфрли последните три тужби поднесени од поранешниот претседател Доналд Трамп за оспорување на неговиот изборен пораз, со што се стави крај на неговиот судски обид за задржување на власта.

Судот без коментар ја одби жалбата на Трамп, кој оспори илјадници гласачки ливчиња во Висконсин, каде загуби од демократот Џо Бајден со повеќе од 20.000 гласа. Бајден стана претседател на 20 јануари.

Ова беше последниот од трите случаи поднесени во Врховниот суд на крајот на претседателствувањето на Трамп. Судот на 22 февруари ги отфрли другите две – за Висконсин и едно поврзано со гласањето во Пенсилванија, друга клучна држава каде Трамп беше поразен.

Веќе беше јасно дека Врховниот суд, во кој има тројца судии назначени од Трамп, нема намера да се меша во случаите поднесени од неговите сојузници.

Инаку, Судот денеска отфрли уште една тужба поврзана со изборите, поднесена од сојузникот на Трамп, Лин Вуд, кој побара од судиите да интервенираат и во изборите за Сенатот во Џорџија. На тие избори победија демократите, што им овозможи да ја имаат контролата врз Сенатот на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот