ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала локална облачност

Планина во Македнија
Планина во Македнија / Фото: А. Пауновска, Слободен печат

Времето денес во Македонија во поголем дел од денот ќе биде сончево со мала локална облачност.

Претпладне по одделни котлини има појава на магла или значителна ниска облачност, Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура е во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 Целзиусови степени.

Утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Најмногу снег утрово на Попова Шапка, најстудено во Скопје-Петровец

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот