Возот удри во возило кое претходно паднало од регионалниот пат

Возот запрел на лице место, по што машиновозачот настанот веднаш го пријавил на машински оперативец, велат пд Железници на РСМ Транспорт.

Железници на РСМ Транспорт во врска со несреќата кај Велес денеска соопшти дека возот удрил во возило кое претходно паднало од регионалниот пат Велес-Градско по што возот запрел на лице место и машиновозачот го пријавил случајот кај надлежните.

– Возот со број 40762 кој сообраќал на релација Гевгелија Трубарево, во месноста помеѓу Згрополци и Велес, на километар 506+200, удрил во патничко моторно возило марка „рено“, кое излетало од регионалниот пат Велес- Градско и паднало во колосек. Во тој период наидува воз и удира во патничкото моторно возило од левата страна од возната локомотива 443-002. Возот запрел на лице место, по што машиновозачот настанот веднаш го пријавил на машински оперативец и ТК диспечер, кои потоа несреќата ја пријавиле во ПС Велес, се наведува во соопштението.

На местото на несреќата пристигнале екипи на Службата за итна медицинска помош, противпожарната служба и Комисија за вонредни настани при ЈП за железничка инфраструктура железници и Железници на РСМ Транспорт АД Скопје.

– Како бевме информирани, во возилото имало четири возрасни лица и малолетно дете од две години, велат од Железници на РСМ Транспорт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот