ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Мотоциклист загина на проклетата патека во Бразил

Светот на спортот викендов е затечен од нова трагедија, бразилскиот мото-шампион Матеус Барбоса загина за време на трката на славната и веќе проклета пате Интерлагос.

Младиот 23-годишен Барбоса кој беше шампион во „Суперспорт“ конкуренцијата, за време на борбата за позиција ја загуби контролата над моторот и додека се обидуваше повторно да ја врати излета од патеката и со полна брзина удри во оградата.


Напорите на медицинските лица да помогнат беа залудни бидејќи ударот беше толку силен што Матеус Барбоса починал на лице место.

Бразилските фанови се згрозени од трагедијата и бараат да се забрани или да се подобри заштитата на славната патека Интерлагос која веќе стана проклета. Ова е трета смрт на мотоциклист од 2019 година на патеката.

Видеото е вознемирувачко и не е препорачливо за гледање за лица помлади од 18 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот