ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Манекенка-геонаучник извадила цел алигатор од утробата на питон

Фото: Инстаграм

Рози Мур (26), геонаучник и манекенка, сподели вознемирувачко видео од моментот на извлекување на алигатор од утробата на бурмански питон, долг 5,5 метри.

На видеото, кое е направено во лабораторија во Флорида, може да се види како Рози и нејзините колеги, тим научници, извлекуваат недопрен алигатор од 1,5 метри од стомакот на чудовишната змија.

Зборувајќи за „Дејли мејл“, таа рекла дека тоа го нагласува огромниот проблем со инвазивните питони во Еверглејдс, кои обично ловат цицачи и мали влекачи.

– Ни се јавија и ни рекоа дека во питонот се наоѓа нешто големо, се посомневавме во елен или алигатор. Бурманските питони мора да бидат евтаназирани на Флорида – раскажала Рози.

Алигаторот бил пронајден за време на обдукцијата на питонот, а Мур рекла дека била шокирана од глетката.

– Првпат гледам такво нешто, никогаш не сум видела питон да голтне нешто толку големо – рекла таа.

Видеото го објавила на Инстаграм од забава, но вели дека била многу изненадена бидејќи снимката добила толку многу прегледи.

– Бев изненадена колку малку луѓето знаат за инвазивните питони на Флорида – рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie Moore (@rosiekmoore)


Рози Мур истакнува дека ова е проблем кој тешко ќе се реши.

– Питоните брзо се размножуваат и се способни да се камуфлираат во природата. Невозможно е да се дознае колку ги има и каде се, рекла таа, додавајќи дека популацијата на бурмански питони е значително зголемена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie Moore (@rosiekmoore)


Рози за „Дејли мејл“ раскажала дека манекенството е нејзина хонорарна работа.

– Во медиумите, на филмот и на телевизијата, жените научници често се прикажуваат како срамежливи и повлечени, но важно е младите жени да знаат дека во реалноста тоа не е така и дека е кул да се биде научник – рекла атрактивната Рози.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rosie Moore (@rosiekmoore)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот