ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Авион удри во автомобил во кој имало мајка и дете: Удри како бомба

Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа кога мал авион се урна во автомобил во станбен блок на Флорида во близина на аеродромот вчера околу 15 часот.

Удри како бомба, изјави сведок на вчерашната трагедија во Флорида.

Околу 15 часот, мал авион удрил во џип. Три лица загинаа, од кои едното е дете, објавија американските медиуми. Детето кое било во автомобилот со неговата мајка. Мајката на детето е повредена. Таа е хоспитализирана и е во тешка состојба, пренесува Си-Би-Ес.

Несреќата се случила кратко време откако авионот полетал од аеродромот Норт Пери во градот Пемброк Пинс. При падот, авионот пресекол далновод и потоа се забил во автомобил пред да се лизне во оградата на станбена зона и да се запали.

„Јас живеам овде. Шетам со бебињата секој ден. Авионот можеше да нè убие сите. Во шок сум“, рече сведокот.

Не е познато што ја предизвикало несреќата, но портпаролот на Противпожарната служба на Пемброк Пинс изјави дека се пријавени можни проблеми со моторот.

Несреќата ја испитуваат Федералната администрација за авијација и Националниот одбор за безбедност на сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот