Возач починал на превојот Стража

Возач на автобус починал од неутврдени причини додека бил на пауза на магистралниот пат Кичево-Гостивар.

Според СВР Тетово синоќа на превојот„Стража” починал Г.Д (37) од Скопје, возач на автобус „мерцедес” со скопски регистерски таблици.

Според првичните наоди, откако Г.Д. со автобусот запрел за пауза на „Стража”, му се слошило и паднал во безсознание. Лекарите од гостиварската Брза помош, кои во меѓувреме биле повикани, констатирале негова смрт.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител безживотното тело на Г.Д. предадено му е на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот