Ворен вели дека Блумберг сака да ги купи изборите: Партијата не е на продажба

Милијардерот Мајкл Блумберг синоќа започна со прикажување нови телевизиски спотови на национално ниво во вредност од десетици милиони долари за да се претстави како најдобар кандидат кој може да го порази претседателот Доналд Трамп.

Поранешниот градоначалник на Њујорк влезе во трката за номинација претседателски кандидат од демократите пред две недели, и досега има потрошено 59 милиони долари само за реклама, многу повеќе отколку што потрошија петнаесетмината демократски кандидати досега.

Започнатите нови политичка спотови ќе се прикажуваат во сите 50 сојузни држави.

Додека првите спотови, започнаа да се емитуваат минатата недела, ги прикажуваа неговите лик и дело, вклучувајќи и успесите во бизнсот и филантропијата, новите спотови се фокусираат на политика и социјални проблеми.

Во нив Блумберг е прикажан како борец против слободната употреба на оружје, против употребата на јагленот во производството на електрична енергија за чиста околина и против широката употреба на цигарите.

Во новите реклами тој се претставува како најподготвен кандидат кој може да го победи Трамп, а тоа е една од главните карактеристики што демократските гласачи ги бараат од еден потенцијален кандидат.

Елизабет Ворен, сенаторка од Масачусетс и противкандидка изреагира на ваквото трошење пари за реклами и изрази загриженост поради неговото влегување во трката.

-Блумберг сака да ги купи изборите. Партијата не е на продажба, изјави синоќа таа на „Блумберг ТВ”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот