Вооружен маж викајќи „Алах Акбар“ нападнал вработени на железничка станица во Париз

Француска полиција/ Фото: ЕПА

Вооружен маж со нож синоќа по полноќ нападнал вработени од обезбедувањето на железничката станицата Свети Лазар во Париз, извикувајќи „Алах Акбар“, се наведува во првото соопштение на истражните органи.

Во извештајот на Франс ТВ Инфо се наведува дека нападнатите припадници на службата за безбедност на нападот одговориле со огнено оружје, напаѓачот бил онеспособен, а моментално е  хоспитализиран со прострелни рани и е во тешка состојба, а лекарите се борат за неговиот живот.

Мажот нешто пред полноќ извадил нож од својот ранец и истрчал кон вработените на Генералниот надзор (Суга), заканувајќи им се и викајќи „Алах Акбар“.

„Двајцата вработени се бранеле со службеното оружје и го неутрализирале напаѓачот“, изјавил анонимен извор од француската полиција.

Ранетиот напаѓач бил згрижен на лице место од екипа на Брза помош и пренесен во најблиската болница, потврди прес-службата на Француските железници (SNCF).

Добро информиран полициски извор потврдил дека напаѓачот претходно не им бил познат на разузнавачките служби, но бил во судир со законот поради помали кривични дела.

Истрагата е отворена од париското обвинителство, а потоа делегирана во 1-виот округ на правосудната полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот