„Вон ѕидовите”: Васил Гарванлиев, Туна, Фифи и Зоки Бејбе со добра музика ја поддржаа Парадата на гордоста
Во нашиот главен град денес се одржа втората Парада на гордоста што ја организира Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
„Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТИ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која ги реафирмираме надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество”, се вели во официјалното соопштението испратено до јавноста.
View this post on Instagram
Парадата започна од паркот „Жена борец”, а заврши кај Школка во Градскиот парк со музика програма и поддршка од бројни музички имиња и диџеи од домашната сцена.
View this post on Instagram
Водители на настанот беа Линда Социалиста и Огнен Јанески.
„Следната година да бидеме побројни. Следната година да бидеме уште посложни и со уште поголеми поддршки кои ги имаме досега”, со своеот обраќање Огнен Јанески ги поздрави присутните .
Нашиот овогодишен претставник на песна на Евровизијата, Васил Гарванлиев го отвори музичкиот дел од прославата со песната „Here I stand“.
View this post on Instagram
Васил по изведбата се обрати до присутните со зборовите: „Бидете свои, бидете искрени, полни со љубов и енергија… Ве сакам!“
По Васил настапи и Фифи Јаневска, трансродовата македонска пејачка со моќен глас која долго време живее во Стокхолм.
View this post on Instagram
„Фала Скопје! Ве сакам и сум многу горда што сум тука и сум особено горда на сите вас“, со силни емоции ги поздрави Фифи присутните.
Позната пејачка Алтуна Сејдиу – Туна ја поддржа Парада на гордоста со својот настап во градскиот парк. Пејачката ги забавуваше присутните со нејзините најпознати хитови, облечена во препознатливите ЛГБТИ бои.
Туна беше облечена во тесно боди, чевли на висока платформа и корсет, а особено внимание привлече нејзината широка наметка на која пишување „Љубовта победува“.
„Здраво Скопје! Здраво на сите кои гордо дојдовте да ја покажете вашата љубов“, пејачката со овие зборови ги поздрави присутните и сите поддржувачи на Парада на гордоста и љубовта.
Диџејките Вера Вендета и Соња Исмаил ги забавуваа присутните пуштајќи музика на Прајд камионот од паркот „Жена борец” до Градскиот парк. Забавата на Школка продолжи со диџеј програмата на Ивана Драгшиќ, Узин Баба и Зоки Бејбе.