Пол Кругман / Фото: IMF / Flickr

Војната во Иран ќе ја зајакне Кина, вели нобеловецот Пол Кругман

Нобеловецот-економист Пол Кругман верува дека Кина би можела да биде најголемиот корисник благодарение на својата доминација во производството на технологии за обновлива енергија, пишува „Мани вајз“.

Растечките цени на нафтата и блокадата на Ормутскиот теснец ја забрзуваат енергетската транзиција и ги зголемуваат инвестициите во сончева и ветерна енергија.

Според познатиот економист, конфликтот во Иран предизвикува нестабилност на пазарот на нафта, што го забрзува пребарувањето на алтернативни извори на енергија и ја става Кина во привилегирана позиција како лидер во производството на технологии за обновлива енергија.

Од почетокот на војната во Иран, Пол Кругман е скептичен во врска со нејзиното влијание врз светската економија, посочувајќи дека во случај на продолжена војна, може да се појави стагфлација, пишува „Бизнис инсајдер“.

На својот блог на Substack, нобеловецот истакна дека Кина би можела значително да има корист од актуелните настани во регионот на Персискиот Залив. Според него, доминацијата на Кина во производството на инфраструктура за обновлива енергија ѝ овозможува на земјата да ја задоволи растечката побарувачка за чиста енергија од земјите што сакаат да се ослободат од зависноста од фосилните горива.

– Најголемиот геополитички победник од противењето на Трамп на енергетската револуција ќе биде Кина, која доминира во производството на инфраструктура за обновлива енергија. Покрај тоа, енергетската иднина што ја обликува Кина ќе пристигне побрзо токму поради катастрофата во Иран – напиша Кругман.

Цената на нафтата стрмоглаво паѓа откако Иран го отвори Ормускиот Теснец за пловидба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот