ВИДЕО: Водостојот на Вардар во тетовско се намали, но нивите останаа под вода

Фото: Слободен печат

Водостојот на реката Вардар во Општина Јегуновце, која вчера на неколку места се излеа и поплави земјоделска површина се намалува, откако прекинаа врнежите од дожд. Но, дел од нивите на потегот Копанце-Раотинце се уште се под вода, информираат мештаните од овие села.

И од Општина Тетово инфомираа дека водостојот на тетовските реки е намален и засега нема ризици од излевање и поплави.

Интензивните врнежи од дожд последниве неколку дена го зголемија водостојот на реките во тетовско.

Висок вчера беше и водостојот и на реката Пена во тетовско, каде пред два дена градежна механизација на одредени места превентивно го прошируваше речното корито. Се интервенираше на Поројска Река на регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Мали излевања имаше во вторникот и кај неколку канали за наводнување во тетовско.

Викендов како што најавија од Општина Тетово, ќе се интервенира на коритото на Речичка река кај наплатата рампа Тетово – Гостивар.

ВИДЕО: Вардар се излеа и поплави ниви во Општина Јегуновце, водостојот на реките ризичен и во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот