Воденски шампион во бразилско џиу-џицу во Германија (ВИДЕО)

фото:фејсбук

Нов голем резултат на нашиот млад борец, освои злато во бразилско џиу-џицу на турнирот во Ашхафенбург, Германија.

Кристијан Воденски по потекло од беровско Русиново, во двете борби успеа да забележи победи против посилни противници.

– Во една од борбите совладав доста посилен противник од мене кој нервозен поради поразот направи неспортски потег, со тоа што ја ја напушти борбата. За мен беше позначајна беше првата борба во која по втор пат го совладав Велјко Фритц – рече Воденски.

Младиот натпреварувач во Ашхафенбург настапи за својот тим „Пирана ММА” во натпреварување кое е класифицирано како Детска лига во категоријата У-16 за натпреварувачи до 48,3 килограми.

И на овој натпревар како и секогаш досега, како што додава Кристијан, најголема поддршка му е неговиот татко Ванчо Воденски, кој потекнува од беровско Русиново и кој долги години беше негов личен тренер.

Македонскиот вундеркинд кој има најмногу медали во овој спорт е голема звезда во својот роден Офенбах, чест гостин е на германските национални ТВ куќи, меѓу кои најбројни гостувања има на германската РТЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот