Во верски судири во Индија убиени четворица, а десетици повредени

Индија полиција/ Фото: Karen Beattie / Alamy / Alamy / Profimedia

Четири лица загинаа, а десетици се повредени во верски судири во северната индиска држава Харајана, соопшти денеска полицијата.

Судирите избувнаа вчера во областа Нух во Харајана, кога десничарските хинду групи поврзани со индиската владејачка партија Бхаратија Џаната (БЈП) направија процесија до храмот низ областа со мнозинско муслиманско население.

Жестоките судири, во кои беа фрлани камења и беше подметнат пожар, започнаа кога поворката беше запрена, соопшти полицијата. Насилството се прошири во соседните региони, вклучително и Гуруграм, претходно познат како Гургаон, на периферијата на националниот главен град Делхи.

Запалени беа автомобили, мотори, продавници и џамија, соопшти полицијата. Во судирите загинаа три лица, меѓу кои и двајца полицајци волонтери. Четврто лице им подлегна на повредите во болница подоцна во ноќта.

Насилството продолжи околу три часа и ситуацијата сега е под контрола, изјави висок полициски функционер.

Дополнително се распоредени силите и воведен е полициски час во градот Нух, а интернет услугите се прекинати. Во соседните области забранет е собир на пет или повеќе луѓе, а сите училишта денеска се затворени.

Опозициските партии ги обвинија локалните лидери на хинду националистичките организации дека предизвикуваат тензии со муслиманите, кои сочинуваат над 14 отсто од хиндуистичкото население во Индија, кое изнесува речиси 1,4 милијарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот