15 C
Скопје

Во Велика Британија 20.890 новозаразени, починале 102 лица – Нотингем во највисоко ниво на тревога

 Велика Британија денеска регистрира 20.890 нови случаи на коронавирус и 102 смртни случаи, покажуваат официјалните податоци.

Бројот на нови случаи се зголеми во споредба со вчера, кога изнесуваше 19.790, најмалку во изминатите шест дена, додека бројот на смртни случаи падна од 151, колку што изнесуваше претходниот ден.

Во меѓувреме, британската Влада денеска одлучи Нотингем и некои соседни градови во централна Англија од четврток да ги стави во највисоко ниво на тревога поради Ковид-19.

Британската Влада воведе нов систем на рестриктивни мерки во средината на месецов, по големото зголемување на бројот на заразени лица во одредени делови на Англија, особено во северниот дел на земјата.

Системот се базира на три нивоа на прописи, секој со свои стандардизирани правила.

Прочитајте и...  77-годишен могилчанец уапсен откако им се заканувал на соселаните со пиштол

Оние делови од Англија каде епидемиолошката состојба е најкритична се опфатени со третото ниво на прописи. Во тие делови на земјата, забрането е мешање меѓу членови на различни домаќинства на отворен простор и во приватни дворови, а пабовите и кафулињата се затворени

Поврзани вести

Лавров: ЕУ ги загрозува преговорите со воведување санкции за Иран

Слободен печат

Џафери им го честита почетокот на Рамазан на припадниците на исламската вероисповед

Слободен печат

Филипче: Цените за лекување на коронавирус во приватните клиники предлагаме да се движат од 40.000 до 305.000 денари

Слободен печат

Радев ја закажа првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент за 15 април

Слободен печат

ВИДЕО | Дисоска: Жените претприемачи треба да добијат помош од владата затоа што се најдоа под поголем удар на пандемијата

Александра Бубевска

ВИДЕО | Ременски: Имаме системски скандал – институционализирани форми на организиран криминал и злоупотреба на биометриските податоци

Слободен печат

Остави Коментар