Во светот е жешко, кај нас врне: ВМРО-Народна предлага голема преселба на светските бизниси во Македонија

Архива

Партијата ВМРО-Народна на Љубчо Георгиевски предлага Владата да направи светска кампања и да ги повика бизнисите да се префрлат во Македонија затоа што насекаде во светот било топло во јули, а во Македонија свежо.

– Со оглед на фактот, а поткрепен со заклучок на Климатската опсерваторија на ЕУ дека месеците јуни и јули оваа година биле најтоплите месеци сиве години откако се мерат овие параметри, а притоа знаеме дека токму месеците јуни и јули во С. Македонија беа едни од подождливите и посвежите месеци годинава, предлагаме Владата на Република Северна Македонија да отпочне со медиумска кампања за привлекување на странски инвестиции и инвеститори кои целосно би ги префрлиле своите бизниси на територијата на Република Северна Македонија – се вели во соопштението на партијата.

ВМРО-Народна партија, се додава, смета дека не треба да се пропушти ваквата можност за искористувањето на потенцијалот во поглед на климатските промени и за нејзино препознавање како идеална држава за инвестирање во одржливи бизниси, но и како второ живеалиште за многу граѓани на Северна Европа кои би ја препознавале Северна Македонија како држава со идеални климатски услови за бегство од горештини.

– Очигледно е дека со климатските промени Северна Македонија добива идеална климатска состојба па дури и подобра од онаа што ја памтиме во изминатите сто години со очигледни помеки зими и посвежи лета – сметат од партијата на Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот