Во Србија се наоѓаат околу 6000 мигранти, нема зголемен прилив од Северна Македонија

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Во Србија според податоците на Комесаријатот за бегалци и миграција, се наоѓаат околу 6.000 мигранти, додека во четирите прифатни центри во општините во Пчињскиот округ каде мигрантите прво доаѓаат по преминувањето од Северна Македонија сместени се 1.300 мигранти, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави претставникот на Комесаријатот за бегалци и миграции, Слободан Савовиќ, во прифатните центрите во Пчињскиот округ, мигрантите најчесто се задржуваат неколку недели, со исклучок на прифатниот центар во Врање, во кој се сместени семејства, кои во просек остануваат неколку месеци.

-Поради коронавирусот, мерките за заштита и безбедност се засилени. Немаме никакви проблеми, кажа Савовиќ, додавајќи дека на мигрантите им е пружена здравствена заштита од почетокот на мигрантската криза.

Според извештајот на РТС, нема зголемен прилив на мигранти од правецот на Северна Македонија, а мигрантите во Србија од тој правец влегуваат во помали групи.

На граничниот премин Прешево се спроведуваат мерки против коронавирусот, каде сите службеници носат заштитни маски и подготвени се секој сомнителен случај веднаш да го пријават на на дежурната санитарна инспекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот