Во сообраќајка меѓу три возила во Ѓорче Петров, тешко повредено едно лице

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка меѓу три возила вчера во Ѓорче Петров

„На 12.02.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „цитроен” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Е.(27) од Охрид, патничко моторно возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(66) од Скопје и патничко моторно возило „цитроен” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.И. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.И., а со телесни повреди се здобила Б.Џ.И, констатирани во Градска општа болница „8 Септември” во Скопје“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот