Во Скопје се снимаше краткометражниот игран филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска

Филмската продукција „Лајт продакшн“ извести дека на 23 и 24 декември на локации во Скопје се одвиваше снимањето на краткометражниот игран филм „Сценариото“, по сценарио и режија на Александра Кардалевска, а во продукција на „Лајт продакшн“ во соработка со „Круг филм“ од Скопје, „Алка филмс“ од Скопје, „Кубе студиос“ од Албанија и „Иконе студио“ од Косово.

Филмот раскажува фантастична приказна за неколку познати ликови од литературата кои излегле од своите оригинални дела со цел да се сретнат во фантастичната приказна на сценариото, обидувајќи се да излезат од него.

Главните улоги ги толкуваат Драгана Костадиновска, Огнен Дранговски, Атанас Атанасовски, Игор Ангелов, Симеон Дамевски и Ана Стојановска.

На сет за време на снимањето на филмот „Сценариото“ / Фотографија: Dimitri Geukenne

Продуценти на филмот се Александар Крстевски и Дејан Крајчевски, директор на фотографија е Душан Кардалевски, сценограф е Влатко Чачоровски, костимографијата е на Маја Ѓуреска, шминкер е Снежана Ангеловска и снимател на тон е Дарко Спасовски.

Проектот е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 111, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 25-26 декември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот