Во складиштето во Бејрут имало и огномет: Се смета дека тоа било клучен фактор за експлозијата

Бејрут, Либан / 4 август 2020 / Фото: EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Десетици вреќи со огномет биле складирани во истиот хангар во кој имало повеќе од две илјади тони амониум нитрат во пристаништето во Бејрут, а каде на 4 август дошло до експлозија, пишува лондонски Гардијан.

Тој огномет би можел да биде одлучувачки фактор кој доведе до експлозијата, потврдиле бивши работник на пристаништето и други извори за Гардијан.

Сателитска слика од Бејрут пред и по експлозијата / 4 – 5 август 2020 / Фото: -HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Бившиот работник на пристаништето во Бејрут, Јусуф Шехади рекол дека добил инструкции од либанската војска да го држи амониум нитратот во хангарот, а дека тука биле и 30 до 40 вреќи огномет.

Тој рекол дека огнометот го запленила царината во 2009 или 2010 година, значи неколку години пред амониум нитретот и дека лично видел кога вреќите со огнометот биле внесени во хангарот.

И друг извор потврдил дека огнометот бил во складиштето кое експлодирало, а тоа го потврдува и снимката која била објавена од истражувачката страница Белингкет.

На снимката се гледат бели блесоци од запаленото складиште, кои предизвикуваат поголеми, црвени огнови кои брзо се шират пред да дојде до следната, силна експлозија, наведува Гардијан.

Во експлозијата која се случи на 4 август се уништени пристаништето цел градски кварт во Бејрут, загинаа најмалку 163 лица, додека повеќе од 6.000 луѓе се повредени.

На кои други места се чува супстанција што го разори пристаништето во Бејрут: Треба ли да се плашат овие земји?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот