Во СЈО е воведен строг претрес на вработените – НАРЕДБАТА ДОШЛА ОД ЈАНЕВА

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Полициското обезбедување во зградата на Специјалното јавно обвинителство од шефицата на СЈО, Катица Јанева добиле наредба сите вработени, вклучувајќи ги и нејзините колеги обвинители при влез и излез од зградата да бидат претресувани.

Засега од СЈО не ја откриваат причината за таквата наредба која во изминативе четири години откако постои СЈО не се практикувала. Случајно или не, наредбата за претрес уследи откако Јавното обвинителство до денеска испраша тројца вработени од СЈО за аферата „Рекет“.

Токму во тој случај се споменува и името на Катица Јанева. Со судски налог нејзе и беше земен мобилниот телефон, додека за нејзиниот втор мобилен се дозна дека го користело друго лице.

За случајот „Рекет“ во притвор се Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот