Во штипското Инфективно одделение има уште два слободни болнички кревети

Клиничка болница - Штип
Клиничка болница - Штип / Фото: МИА

Два слободни кревети за ковид пациентите има во штипското Инфективно одделение. Според здравствениот билтен на Клиничка болница – Штип во последните 24 часа бројот на новопримени е за трипати поголем од бројот на оздравени пациенти.

Во изминатото деноноќие новопримени се девет пациенти, а дома си заминале само тројца. Со ова бројот на хоспитализирани на Инфективното одделение во Штип е 56, од кои 44 се на постојана кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 16 пациенти. Нема починати лица во изминатите 24 часа, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.

Со полнење на капацитетите на Инфективното одделение, се размислува и за отворање и на модуларната ковид болница во Кочани. Ковид пациентите од Кочани се препраќаат на болничко лекување во Штип, но капацитетите веќа се речиси полни, а кадар за отворање на модуларната болница во Штип нема, бидејќи околу 20 здравствени работници се заразени со коронавирусот и се во изолација.

Во општините од источниот регион активни се 915 ковид случаи, најмногу во Штип 317, во Кочани 210 и во Делчево 151. Во останатите општини од истокот бројката е двоцифрена, највисока е во Берово каде активни се 86 ковид случаи, а во Македонска Каменица 41, а во Пехчево 25 ковид пациенти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот