Во Шпанија по три месеци пристигнаа првите туристи (ФОТО)

epa08486399 German tourists arrive to Hotel Riu Concordia in Palma de Mallorca, Balearics Islands, Spain, 15 June 2020. Starting on 15 June, foreign tourists are again allowed to visit Spain following months of de-facto closed borders due to the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus. The first post-lockdown flight carrying some 400 tourists to the favorite summer holiday destination of many Germans connected Duesseldorf with Palma and was operated by German low-cost airline TUIfly. EPA-EFE/CATI CLADERA

Оваа пилот програма на Балеарските острови важи само за гости од Германија.

Денеска во Шпанија пристигнаа првите туристи по три месеци зошто владата дозволи влез на странци на Балеарските острови, но остатокот од земјата останува затворен поради коронавирусот.

Туризмот во Шпанија беше забранет од прогласувањето на вонредната состојба на 14 март.

Балеарските острови се сместени во Средоземното море – Мајорка, Ибива, Менорка, Форментера и Кабрера се традиционално летувалиште за гостите од Германија. Шпанската влада ги отвори аеродромските линии меѓу Германија и Балеарските оствори за да спаси илјадници работни места на островите.

Првиот авион од Германија слета во Мајорка

На аеродромот Палма де Мајорка во понеделникот слета првиот авион од Диселдорф со 180 патници.

Германските туристи беа почастени со пијалок на влезот од хотел во Палма де Мајорка/15. јуни 2020/ Фото: EPA-EFE/ATIENZA

„Сите беа среќни во авионот“, им рече на новинарите Керстен, Германка која има куќа покрај местото Манакор на Мајорка. Многу патници дојдоа во рамки на аранжман купен кај туристичката агенција ТУИ кој вклучува лет и хотел.

„Ќе уживаме во мирниот одмор. Го сакаме овој остров и обично тука доаѓаме неколку пати годишно“; вели Георг, која на Мајорка слета со сопругата.

Оваа недела би требало да слетаат 7 авиони, шест на Мајорка и еден на Ибица, со околу 1.500 патници.

Шпанската влада порача дека на 21 јуни ќе ги отвори границите за патниците од земјите на ЕУ, а оваа пилот програма на Балеарските острови важи само за гости од Германија.

Илјадници во Шпанија останаа без работа

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот во Европа па строги мерки се воведени со цел да се сизбие заразата. Земјата лани ја посетија повеќе од 80 милиони туристи, во рекордната година, но сега хотелите се затворени, а плажите пусти.

Оваа недела би требало да слетаат 7 авиони, шест на Мајорка и еден на Ибица, со околу 1.500 патници / 15.јуни 2020 Фото: EPA-EFE/CATI CLADERA

Туризмот учествува со 12 отсто во шпанскиот БДП, а илјадници работници се опуштени или чекаат враќање на работа.

Портпаролот на наутички туризам на Балеарските острови рече на 23 мај дека ги губат странските гости кои со едрилици одат во Хрватска каде нема строги мерки за сузбивање на коронавирусот.

„Ни се јавуваат за да ни откажат или да ги откажат резервациите до идната година. Штетата е брутална. Потполно сме парализирани“, рече тогаш Жосе Мариа Химендез, портпарол на компанијата која изнајмува едрилици.

На Балеарските отстрови се регистрирани околу 350 компании насочени на пазарот во средна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот