„Џевахир скај сити“
„Џевахир скај сити“, највисокиот комплекс згради изграден во Скопје / Фото: Фејсбук, „Џевахир скај сити“

Во септември, прва трка по скали во Скопје: Освој го врвот на Џевахир кулите

На 24 септември за првпат  во Скопје  ќе се одржи трка по скали под мотото „Освој го врвот на Џевахир кулите” по пример на светските метрополи. Трката е во организација на атлетски клуб „Работнички”, а ќе се трча во висококатниците Скај Сити.

Трките од овој карактер се одржуваат во највисоките згради низ целиот свет, a во соработка со Џевахир Скај Сити оваа години првпат ќе организираме трка, токму во една од четирите највисоки кули во Македонија. „Џевахир таувер ран” (Cevahir Tower Run) се стремиме да прерасне во традиционална трка, привлекувајќи го вниманието и овозможувајќи учество на дел од најдобрите натпреварувачи од светот овде во Скопје, како полноправна членка на светската асоцијација за Таувер ранинг (Tower Running) – велат од АК „Работнички“.

Организаторите на трката по скали ги повикуваат сите заинтересирани натпреварувачи и спортски активни лица да се пријават и учествуваат во трката по скали, како единствена од ваков вид во нашата држава.

Учесниците на трката ќе имаат предизвик да се искачат до врвот на Кулата Ц, искачувајќи 41 кат со вкупно 752 чекори и со тоа следејќи ги едни од најдобрите светски познати трки „Empire State Building Run-up”, „Tower 42 London”, како и „Walkie Talkie London”.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот