ВО СЕНКА НА СЛАВНИТЕ: Овие холивудски ѕвезди имаат браќа или сестри близнаци – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

ВО СЕНКА НА СЛАВНИТЕ: Овие холивудски ѕвезди имаат браќа или сестри близнаци

Некои од нив, како што се Мери Кејт и Ешли Олсен одат во пар дури и во Холивуд, но поголемиот дел од нив сепак имаат различна кариера.

Додека тие „жарат“ низ Холивуд, нивните браќа и сестри живеат доста повлечен и различен живот, во однос на своите популарни роднини.

Некои од нив, како што се Мери Кејт и Ешли Олсен одат во пар дури и во Холивуд, но поголемиот дел од нив сепак имаат различна кариера.

Еве кои познати имаат браќа и сестри близнаци во сенка:

Вин Дизел

Неговиот брат Пол Винсент има црвена и виткана коса, работи како видео-монтажер и никој никогаш не би помислил дека е близнак на ќелавиот актер од „Брзи и бесни“.

Скарлет Јохансон

Таа има брат близнак кој често ја придружува на црвениот тепих. Магазнинот „Пипл“ веќе го прогласи за најпосакуван ерген кој не е популарна личност.

Ештон Качер

Приказната за неговиот брат Мајкл е добро позната, бидејќи тој всушност ја искористи славата на Ештон за да ја покрене свесноста за заштита на болни од церебрална парализа.

Жизел Бундшен

Таа има сестра близначка, Парис, која работи како нејзина менаџерка. Тие двете се неразделни.

Аланис Морисет

Пејачката има брат близнак Вејд кој исто така е музичар, но и инструктор за јога. Тој пее киртан, односно санскритско пеење чија вибрација има исцелувачка моќ.

Дафи

Пејачката, која всушност се вика Ејми, има сестра близначка Кејти. Одреден период живееле разделени, по една кај секој родител, за по некоја година да се сретнат повторно. Кејти не се занимава со јавна работа, но е целосно идентична како познатата сестра.

Кифер Сатерленд

Освен што физички наликува на него, неговата сестра близначка Рејчел работи во филмографската индустрија, односно во постпродукција на познатите филмови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close