Во пристаништето во Драч запленети 150 илјади евра и над 160 илјади фунти

Фото: Besara1 / Wikimedia

Во пристаништето во Драч, Албанија во четвртокот биле запленети 150 илјади евра и над 160 илјади фунти. Непријавените пари  кои пристигнале од Италија, биле пронајдени во кабината на камионот и постои основано сомнение дека парите потекнуваат од криминални дејства.

Возачот на камионот, кој ги превезувал парите и се обидел преку пристаништето во Драч да ги внесе во Албанија, без да ги пријави е уапсен. Ова е 5-ти случај на обид за внесување големи суми непријавени пари, во последните неколку месеци што го реализираше на Државната полиција на Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот