Во ноќта на коледарските огнови, воздухот во Велес бил најотровен зимава

Коледарски огнови/Фото: Архива на СП

Изминатата ноќ во Велес е измерена највисоката вредност на загадување во градот со ПМ10 честички во последните 30 дена, покажуваат резултатите од мерните инструменти на Министерството за животна средина. Вчера, во ноќта кога велешани масовно ги палеа коледарските огнови, имало 133 милиграми ПМ10 честички на метар кубен. На полноќ Велес беше најзагаден град во земјава со часовна вредност од 500 мг на метар кубен, пишува СДК.мк.

Вчерашните апели на локалната власт – граѓаните да се однесуваат одговорно при палењето на коледарскиот оган, не вродија со плод.

„Апелираме до граѓаните, коледарските огнови кои се децениска традиција оваа година да се палат во контролирана форма за да не придонесат кон дополнително нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух и да се намали ризикот за појава на пожар. Да ја одбележиме вековната традиција, но постојано да имаме предвид дека воздухот е загаден во овој период и дека треба да се однесуваме како одговорни граѓани кон околината во која живееме“, соопшти Општина Велес.

Оваа зима, според мерните инструменти на Министерството за животна средина, во Велес немало повеќе врзани денови со високи вредности на ПМ10 честички. Прагот на информирање е ако има пет последователни денови со повисоки вредности од граничните 50 мг на метар кубен, а алармантно е ако 10 последователни денови има загадување од 100 мг на меар кубен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот