Во насока на целите за климатски промени: Британците може да забранат автомобили на фосилни горива во 2030 година

Фото: EPA/ANDY RAIN

Британските власти би можеле да забранат продажба на автомобили со мотори на фосилни горива во 2030 година, пет години порано во однос на првичниот план, пренесуваат „Фајненшл тајмс” и „Би-Би-Си“.

Продажбата на хибриди би била дозволена до 2035 година, но возилата со „чист” бензински и дизел мотор може брзо да исчезнат од продажните салони.

Забрзувањето на плановите, наводно, има врска со намерата да се зголеми продажбата на електрични автомобили со цел Велика Британија да се доближи до целите за климатските промени. Владата е подготвена да потроши 500 милиони фунти за изградба на инфраструктура што е потребна за полнење на електричните автомобили.

Се очекува Џонсон да го објави планот во наредните денови. Локалните медиуми коментираат дека производителите на автомобили веројатно нема да бидат задоволни од одлуката, што може да влијае на британскиот пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот