Во Маврово ќе биде реализиран кампот за перспективни кошаркарски таленти

Кошаркарите и кошаркарките во рамки на оваа трета генерација се на возраст од 12 до 14 години, кои, согласно со плановите, низ два годишни национални кампови и пет меѓународни турнири ќе се изградат на спортски и социјален план.

Во наредните седум дена во Маврово ќе биде реализиран кампот за млади и перспективни кошаркарски таленти…

За првпат е ставен акцент на работа со најмладите категории – 12 и 13 години со можност на тренерите кои ги водат соодветните генерации, освен оние кошаркар(к) родени 2007 и 2008 година, да вклучат и помали возрасни категории.

фото: kfsm.mk

Инаку третата генерација на млади и перспективни кошаркарски таленти, момчиња и девојчиња, КФСМ ќе ја реализира во текот на наредните две години

Во исто време, седумдневниот собир во Маврово претставува старт на најдолгорочниот проект, кој ќе влезе во петта година во низа на спроведување, како и најуспешен мултиетнички, мултинационален проект во кој се вклучени пет држави.

Тековниот проект, втората генерација од проектот, моментално е во прекин поради пандемијата од COVID-19.

Во изминатиот период, кандидатите за место во најмладите репрезентативни селекции во машка и во женска конкуренција напорно работеа во СРЦ „Кале“. А 12. тренери во оние четири групи одбраа по 15 кошаркар(к)и кои ќе бидат дел од кампот во Маврово кој стартува денеска, а чиј главен тренер-координатор ќе биде нашиот познат кошаркарски стручњак, Тане Спасев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот