Во кој период од животот жените најмногу се дебелеат?

Ново истражување ја разјаснува женската дилема: Во кој период од животот жените најмногу можат да се здебелат?

Имено, периодот во кој жените најчесто ја зголемуваат телесната тежина и, со самото тоа, се и најнезадоволни од својот изглед е во 38-та година од животот.

Периодот меѓу 35 и 40 години е најкритичен за телесната тежина на жените, најчесто поради хормоналните промени кои настануваат во организмот, но често и поради променетиот начин на живот.

35 отсто од жените потврдиле дека откако станале мајки јадат речиси двојно повеќе или почесто.

33 отсто од жените велат дека се здебелиле после свадбата, односно во текот на долготрајната врска.

22 отсто од жените гледаат причина за дебелеење во прекинувањето на врската или по разводот.

Но добрата вест е дека бројот 40 (40 годишна возраст) претставува уште една пресвртница после која линијата на задоволство од изгледот почнува да расте. Оваа бројка, според истражувањето, за многу жени претставува некој вид на „будење“. Тогаш почнуваат да размислуваат за своите години, за својот живот и начинот на живот, што неретко ги поттикнува на позитивни промени. Во овој период жените се подготвени да ги отфрлат пороците и лошиот начин на живот, вклучувајќи ја и лошата исхрана.

За разлика од жените, машката критична граница на зголемување на телесна тежина е меѓу 40 и 45 година од животот, а во тој период мажите најчесто водат битка со килограмите наталожени на стомакот, како и со опуштеното тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот