Во Јужна Кореја нови жаришта на корона вирусот – епидемијата се шири во ноќните клубови

Јужнокорејското здравство го следи малиот но растечки број на случаи на инфицирани од корона вирус поврзани со неколку ноќни клубови во престолнината, во време додека државата се подготвува за дополнително олабавување на рестриктивните мерки.

Најмалку 15 случаи на зараза се поврзани со клубови во Итаевон, објави Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

Јужна Кореја изминатите денови бележи мал број на новозаразени, а повеќето случаи доаѓаат од внатрешноста на земјата. Но очекуваат бројот на лица кои се заразиле во ноќни клубови да расте во наредниот период.

– Сметаме дека неопходно е да се подобри управувањето во овие области и ве повикуваме да ги посетувате што е можно поретко, истакна директорката на Корејскиот центар за контрола и превенција на болести, Јеонг Еун – кјеонг, реферирајќи за гужвите и лошата вентилација.

Јужнокорејската влада поради новите жаришта планира да спроведе мерки кои во иднина ќе се бараат од ноќните клубови и ќе им наложи да прекинат со работа во наредните 30 дена.

Градските власти во Сеул објавија дека имаат листа со 1.500 лица кои ги посетувале овие маста и ги повикаа за време на викендит да се тестираат и да останат во изолација 14 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот