Во Израел формиран тим за истрага за наводната злоупотреба на Пегаз

Израел формираше тим за истрага на наводната злоупотреба на израелскиот шпионски софтвер Пегаз на глобално ниво.

Тимот, предводен од Советот за национална безбедност, му поднесува извештаи на премиерот Нафтали Бенет и има поширок спектар на експертиза од Министерството за одбрана, кое го надгледува извозот на софтверот Пегаз од страна на компанијата НСО.

Францускиот премиер Жан Кастекс претходно денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал серија истраги во случајот со шпионскиот софтвер Пегаз.

Телефонот на Макрон се најде на списокот на потенцијални цели за можна шпионажа во корист на Мароко, објави претходно францускиот весник „Ле Монд”.

Во глобална истрага, објавена од 17 медиумски организации во неделата, се наведува дека Пегаз се користел при обиди и успешно хакирање на паметни телефони што им припаѓале на новинари, владини претставници и активисти за човекови права.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот