Фудбалски клуб Римини/FC Rimini

Во Италија згасна клуб стар 113 години, некогаш од клупата го предводеше и легендарниот Ариго Саки

Од италијанскиот фудбал пристигна тажва веста, згасна клубот Римини кој зад себе остави историја долга 113 години.

Клубот беше формиран во далечната 1912 година и најголем дел од својата историја настапуваше во второлигашката и третолигашката конкуренција во Италија. Сè до пред две недели беше дел од Серија Ц, но раководството соопшти дека веќе нема услови за продолжување на натпреварувањето, со што Римини официјално згасна.

Преку клубот поминале и неколку познати фудбалски имиња, меѓу нив и поранешниот голман на Интер, Самир Хандановиќ, а во одреден период тимот го предводеше и славниот стратег Ариго Саки.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот